Боречкиот свет е во тага откако ја шокираше веста за смртта на една од најголемите женски боречки ѕвезди во светот, Викторија Ли. Веста ја потврдила нејзината сестра Анџела Ли.
Викторија требало да се бори на 14, јануари на првиот настан ONE годинава, а Анџела на Инстаграм напишала дека Викторија починала на 26 декември минатата година.
Сепак, семејството досега не сакало да ја објави оваа вест во јавноста, а истовремено не била наведена и причината за смртта на оваа исклучително талентирана млада спортистка.
„Таа замина прерано и нашето семејство е целосно уништено од тој момент. Ни недостига повеќе од се на светот. И нашето семејство никогаш нема да биде исто”, напишала во дел од посветата Анџела.
Викторија тренирала и живеела на Хаваи каде семејството Ли се преселило од Канада пред таа да се роди.
Таа била во тимот со Анџела, а главен тренер им бил сопругот на Анџела, Бруно Пучи.
Инаку, Викторија се истакнала во помладите категории, а прилика да дебитира професионално добила на само 16 години.
https://youtu.be/XdmYQYnwAxU