Кејт Хадсон неодамна за „Vanity Fair“ одговарала на прашања со детектор на лаги, па открила кој ѝ е најдраг, а кој најлош филмски бакнеж. Хадсон на прашањето одговорила во друштво на колешката од „Glass Onion“, Монае која пред неа ставила фотографија од Метју Меконахи и Били Крудап.
Били Крудап или Метју Меконахи?
„Мислам дека Били понежно се бакнува. Подобро? Не би кажала, но дефинитивно понежно“, изјавила низ насмевка актерката.
Актерката додала дека Крудап знае како да изведе „пософистицирана верзија на бакнеж“ и дека има навистина импресивна вештина. Но, актерката немала убави зборови ниту за колегата Дејн Кук чиј бакнеж со задоволство би го укинала, а Кук истото тоа го кажал за неа.
Бакнеж со жена
Хадсон открила дека нејзиниот најдраг филмски бакнеж бил со Лив Тајлер со која глумела во романтичната комедија „Dr. T & the Women“ од 2010 година.
„Има најмеки усни од сите“, изјавила актерката.