Кели Гејл (27) е успешна манекенка и ангел на „Викторија Сикрет“, а на својот Инстаграм профил објавила гола фотографија со опис: „Jungle baby“.
Под фотографијата веднаш започнале да се нижат коментари во кои нејзините следбеници го пофалиле изгледот на манекенката, но исто така ѝ порачале дека „ова не е Only Fans“, како и дека со таа објава претерала.
Оваа убавица со шведско-австралиски корени соработувала со престижни модни брендови, а исто така красела бројни насловни страници на познати магазини, додека пак во 2022 година првпат се појавила на писта и тоа носејќи модели од модната куќа „Шанел“. Исто така таа во 2016 година позирала и за „Плејбој“.
Што се однесува до нејзината неверојатна фигура на тело, Кели не крие дека тренира секој ден по 2-3 часа и тоа брзо одење, трчање и јога и дека многу внимава на тоа што јаде.