Актерката Анѓелка Прпиќ веќе извесно време е во центарот на медиумското внимание кога се дозна дека очекува принова со Марко, најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг Дарио Прпиќ.
Актерката и нејзиниот партнер не се промовираат во јавноста и не сакаат да зборуваат за нивната врска. Сепак, камерите на „Папарацо Лов“ успеаја да ја снимат актерката, која е во петтиот месец од бременоста.
Екипата на оваа емисија ја снимила како се шета во близина на зградата во која живее, каде веќе јасно и се гледа стомакот. Од изразот на нејзиното лице можеше да се заклучи дека Прпиќ не била најдобро расположена.
Новинарската екипа успеала да ја сними и актерката во прегратките на непознат маж, очигледно Марко, нејзиниот нов партнер. Марко ја прегрнувал Ангелика додека оделе, а притоа се покажал како вистински кавалер, носејќи ја чантата на актерката.