Српската глумица Анѓелка Прпиќ со денови е во центарот на вниманието бидејќи беше откриено дека чека бебе со поранешниот другар на нејзиниот поранешен сопруг, поради што некои ја осудија, но многумина и дадоа поддршка. Актерката не сакаше да дава изјави во оваа прилика, но беше на снимање на забавна емисија каде се дружеше со пејачката Јелена Броќиќ, која објави фотографија токму Анѓелка.
На фотографијата Анѓелка носи широко сако и рацете ги ставила пред себе за да не се забележи нејзиниот стомак, а медиумите со денови зборуваат како актерката е во петиот месец од бременоста. И не само што нејзиниот стомак не се забележува, туку Анѓелка делува многу послабо од вообичаено.
„Нејзините пријатели не можат да ја препознаат. Не сака да комуницира со блиските луѓе, се плаши дека некој нешто ќе каже, па тоа ќе заврши по медиумите. Се крие од сите, а кога треба да излезе надвор, за да го прошета кучето или да отиде до продавница, се маскира и скоро е непрепознатлива. Беше пред неколку дена на едно снимање, се задржа многу кратко, а влезе од споредниот влез“, истакнува изворот на српскиот Блиц кој живее во близина на Прпиќ.
Инаку, како бомба во медиумите одекна информацијата дека актерката чека бебе со извесен М.Ж. за која прво беше објавено дека им бил кум на неа и нејзиниот поранешен сопруг на нивната свадба. Меѓутоа, подоцна се покажало дека тој не им бил кум, туку дека биле најдобри пријатели.