Холивудската актерка Кејт Винслет се прослави со улогата на младата богаташка Роуз во епскиот филм „Титаник“ пред 25 години.
Многумина проронија солзи кога младата Роуз мораше да се збогува од својата љубов, Џон Досон, бидејќи само еден од нив двајца можеше да остане на сантата мраз што пловеше по ледениот океан.
За прв пат по 2 и пол децении, Кејт го изрази своето сомневање дека можеби и Џек можел да се качи на сантата мраз и така да се спаси од сигурна смрт. Таа ова го претпостави неколку дена откако режисерот на филмот, Џејмс Камерон, спроведе низа експериментални докази со цел да потврди дека Џек сепак не можел да преживее. Тој го направил ова бидејќи многу обожаватели на познатото филмско остварување со години шират обвинувања на сметка на сценаристот, одговорeн за крајот на големата љубов.
-Направивме темелна форензичка анализа со експерт за хипотермија кој го репродуцираше сплавот од филмот и ќе направиме мал специјал за него кој ќе излезе во февруари. Зедовме двајца каскадери кои имаа иста телесна маса како Кејт и Лео за време на снимањето. Потоа ставивме сензори секаде на нив, во нив и ги пуштивме да влезат во ледена вода. Ги тестиравме со различни методи да видиме дали можат да преживеат. Одговорот гласеше дека немало шанси и двајцата да преживеат – објасни познатиот режисер, а пренесува Дејли Мејл.
– Се надевам дека не ќе морам да го објаснувам ова во следните 25 години – додаде тој.
Слично мислење изрази и Кејт гостувајќи во една емисија пред неколку дена, но го остави отворено прашањето дали Џек навистина можел да се спаси.
-Таа санта била толку голема што Џек можеби и можел да се качи покрај Роуз. Сепак, и самите знаете како се однесуваат работите во вода. Сантата на која би пловеле двајцата, би станала нестабилна и набргу би се превртела или потонала. Точно е дека физички тој можел да застане покрај неа, но би потонале – рекла Кејт.
Нејзиниот колега и филмски партнер, а сега и голем пријател, Леонардо ди Каприо, гостувајќи претходно, на слично прашање изјави дека не сака да го коментира тоа. Кејт, пак, се вплетка во низата теории, во врска со кои, на крајот самата збунето заклучи дека сè е можно, па дури и дека Џек не е ниту виновен ниту должен да умре за ништо.
– Не знам! Мојот конечен одговор е дека навистина не знам !– признала на крајот актерката.
Таа додаде дека обожавателите на ликот што Леонардо го толкуваше во Титаник постојано ја напаѓаат дека Џек всушност умрел поради неа.
– Изгледа, бев предебела и Џек мораше да се удави поради мене. Да бев слаба, можеби ќе се спасеше. Со години ме напаѓаат дека сум била буцка на снимањето, јас сум таа што ја презема одговорноста – на шега одговори актерката на крајот.