Маријан Стојановски стана глумец. Пејачот кој долги години не е активен на естрадата, се појави во еден скеч на емисијата „Фчерашни новости“.
Маријан глуми сопственик на папагалот Томе, кој наводно избегал и му се губи секаква трага. Во претходна сцена, на папагалот му ја пее својата песна „Роденден“, која стана хот поради стиховите „Еве дојдов-без да ти се најавам“. Уште една песна поради која Стојановски привлече внимание е „Ненаситен“ и стиховите „Ненаситен сум по тебе, вчера, утре и денес“.
Во скечот се појавува и Војо Иванов кој работи во Зоолошката градина од каде што е донесен папаглот од расата Какаду.
Маријан сега работи во Македонската опера и балет како дел од хорот. И покрај тоа што неговите колеги велат дека е многу талентиран, тој одамна нема снимено нова песна.