ПОСЛЕДЕН АПЛАУЗ ЗА СРПСКАТА ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА: Погребан Синиша Михајловиќ (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Посмртните останки на Синиша Михајловиќ (53 г.) кој ја загуби битката со леукемијата во петокот, денеска во 11 часот беа испратени во вечноста.  По богослужбата во базиликата  „Света Марија, Ангел и маченик“, легендарниот српски фудбалер и тренер, во кругот на најтесното семејство беше погребан во Рим, каде живееше од 1992 година.

Погребот го предводи австриско-швајцарскиот бискуп Андреј Силерџиќ, под чија јурисдикција е и италијанската дијаспора.

I KAMEN BI ZAPLAKAO! Stanković nosi MIHIN KOVČEG... Arnautovićev gest DIRUNUO SVE! (VIDEO)

На погребот беа присутни многу јавни личности од Италија, Србија…кои со тага се простија од славниот фудбалер. Во Риме беа неговите фудбалски пријатели, кумот Дејан Станковиќ со семејството, Југовиќ, Монтела, Сергеј, газдата на лацио Лотито, Бата Мирковиќ, Гордан Петриќ, Јокановиќ, Драган Стојковиќ Пикси, целиот тим на Болоња … венец испрати и светската фудбалска асоцијација ФИФА  како и неговите пријатели и екс соиграчи од Хрватска Звоне Бобан и Роберт Просинечки кои испратија венец со порака: „Збогум Миха! Твои Роби и Белс“. Пред базиликата имаше и венци испратени од други клубови од Серија А, прославени играчи, тренери, спортски работници…

На почетокот на погребот на неговиот ковчег имаше само два дреса на Лацио, но, раководството на Звезда, претставено од Звездан Терзиќ и Светозар Мијаиловиќ го донесоа црвено-белиот дрес со презимето Михајловиќ на грбот и го ставија на ковчегот.

Ваквиот потег е разборлив со оглед на тоа што Михајловиќ никогаш не криеше колку ја сака Црвена звезда и колку му значи клубот.

Не можеше без неговата Црвена звезда: Синиша Михајловиќ испратен со последен црвено-бел поздрав

Во Рим пристигна и селекторот на Србија, Драган Стојковиќ, Пикси.

PIKSI, BJEKA, DIKA! Krem srpskog fudbala stigao na Mihinu sahranu! (VIDEO)

Посебно беше впечатиливо кога играчите на Лацио го донесоа симболот на клубот-жив орел.

Foto: Milan Maricic/ATAImages

Во Рим се развиори и југословенското знаме.

И Џорџа Мелони, премиерката на Италија му упати последен поздрав на Синиша Михајловиќ.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com