Бред Пит на промоцијата на новиот филм „Вавилон“ се појави во придружба на својата нова девојка.
Откако неодамна ги подгреа гласините за романса со убавата 29-годишна Инес де Рамон, сега е познато дека потенцијалниот пар има намера заедно да ја дочека Новата година.
Оваа информација ја откри извор близок на парот за „People“, кој исто така напоменал дека тие поминуваат сè повеќе време заедно и дека се многу блиски.
„Сè уште не е сериозно, но убаво им е и се забавуваат заедно“, открил извор близок до Де Рамон.
Пит и Инес, која е 30 години помлада, наводно биле во врска неколку месеци, а се запознале преку заедничко друштво.
Тие првпат биле видени заедно во јавноста на крајот на минатиот месец кога биле фотографирани на концерт на Боно во Лос Анџелес. Потоа им се придружиле Синди Крафорд, Ранде Гербер и Шон Пен.
На направените фотографии парот делува интимно, а Пит во еден момент ги ставил рацете на Инес.
Иако ниту еден од нив сè уште не ја потврдил романсата, иако јасно е дека има нешто меѓу нив. На почетокот на неделава Инес му се придружила на познатиот оскаровец на премиерата на неговиот нов филм „Вавилон“. Дружејќи се со останатите гости, Инес и Бред во текот на вечерта си размениле прегратки.