На локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври најстар кандидат за советник е 89 годишна жена предложена од Единствена Македонија во скопски Аеродром, додека најмладиот носител на листа е кандидат на партијата Родина во општина Конче со само 19 години, објави ТВ Сител.
За разлика од последниот изборен циклус кога имаше продолжено гласање, на овој ќе биде по старо. Гласачките места се отвораат во 7 часот а гласањето ќе трае до 19.
На овие избори право на глас имаат 1.824.864 гласачи речиси 10.000 повеќе од последните парламентарни избори одржани пред 15 месеци.
Единствена Македонија на локалните избори настапува самостојно со 33 советнички листи во 33 општини под слоганот „Сега имате избор“. Не ни недоставува знаење, туку желба за чесно, домаќинско и одговорно работење, на што се обврзуваат идните советници од Единствена Македонија, велат од партијата.