Тешка сообраќајна незгода во која учествуваа возило на Итната медицинска помош и едно цивилно, патничко возило се случи случи на раскрсницата помеѓу булеварите „Водњанска“ и „Св. Кирил Методиј“ во неспоредна на зградата на „Нова Македонија“ – пишува Скопје инфо, кои објавуваат и видео од превртеното возило.
Превртено болничко возило со вклучени ротациони светла за предност во сообраќајот е дел од ужасната глетка која вечерва ги вознемири скопјани. Насобраните граѓани, видно вознемирени ги набљудуваа возилата на булеварот, додека полицијата го обезбедуваше овој дел од Скопје. Сообраќајот во овој дел од градот, привремено е во прекин.
Очевидци за Скопје Инфо раскажуваат дека звукот на Итната медицинска помош бил прекинат од ударот на двете возила и силниот тресок кој настанал како последица на несреќата. Потоа интервенирала скопската итна помош.