Пензионираниот учител од Велика Британија смета дека е најплодниот донатор на сперма во светот, бидејќи направил 129 деца.
Клајв Џонс (66) кој живее во Чедесден, својата сперма ја донира веќе девет години, а „кариерата“ ја започнал на 58 години. Бидејќи горната граница за официјалните банки за сперма е 45 години, тој решил да работи „диво“ со тоа што бесплатно донира на семејствата кои ќе го најдат на Фејсбук.
Тој вели дека тоа го прави затоа што им носи среќа на семејствата, бидејќи некои парови се истополови или не можат да имаат деца.
– Веројатно сум најплодниот донатор на сперма во светот со 138 „бебиња“, 129 раѓања и девет тековни бремености. Можеби ќе продолжам уште неколку години, а во секој случај би стигнал до 150 – рекол Џонс, пренесува Дејли Мејл.
Вели дека има големи клиники и трговци со сперма, но дека не донираат туку ја продаваат.
– Мислам дека луѓето би имале поголемо разбирање доколку ги видат пораките што ги добивам и фотографиите од бебињата со многу среќни мајки. Ја чувствувам среќата што им ја носам. Еднаш добив порака од баба во која ми се заблагодарува за нејзината внука – објасни Џонс.
Наставникот вели и дека само понекогаш бара пари за бензин.
„Незаконски е да се наплатува и мислам дека не е во ред да земам пари кога имам повеќе од нив“, рече тој.
Овој добродушен 66-годишник со години не се ни огласил, а луѓето го контактирале преку упати. Тој вели дека запознал 20 од 129-те деца што ги направил.
Сепак, британската агенција за човеково оплодување и ембриологија издаде предупредување во врска со процедурите на Џонс, велејќи дека сите донатори и пациенти треба да поминат низ лиценцирана клиника.
– Како регулаторно тело за третман и истражување на плодноста во Обединетото Кралство, немаме овластување да ги спречиме луѓето да направат свои аранжмани за донирање сперма, но сакаме да им помогнеме да ги добијат информациите и советите што им се потребни за да направат добро информирана одлука а донаторите и пациентите да се лекуваат во лиценцирана клиника во Велика Британија – изјави портпаролката на овој државен орган.
Таа додаде дека може да има медицински и правни ризици за овие аранжмани.