Младата српска актерка Аница Лазиќ на својот инстаграм-профил објави серија фотографии од одморот, а посебно внимание привлече нејзиното бикини.
Жешките летни кадри на 39 години помладата девојка на српскиот актер Лазар Ристовски ги „запалија“ социјалните мрежи, а убавата Аница не крие колку уживала во летото со актерот.
„Август, лаванда, море и палачинки“, напишала Аница во описот на објавата.
Она што го привлече вниманието на сите беа секако нејзините долги, витки нозе, но и нејзиното извајано тело, кое многумина го пофалија.
Инаку, романсата меѓу Лазар и Аница Лазиќ не престанува да ги интригира луѓето. Од моментот кога за првпат се појавија во јавноста, поради големата разлика во години – дури 39 години – но се чини дека Аница и Лазар не обрнуваат внимание на коментарите.