Славниот актер Хју Џекмен пристигнал во Венеција по повод 79-от филмски фестивал, во придружба на својата 13 години постара сопруга Дебора Ли Фернес.
За таа прилика папарацо фотографите забележале неколку интересни фотографии. Парот бил видно расположен и насмеан, а покрај нивното добро расположение може да се забележи и необичниот стајлинг на Дебора.
Таа носела, опуштена, лежерна варијанта – црна маица и црни памучни бермуди, додека пак долгите, бели чорапи со риги биле убедливо највпечатливи.
Интересно е тоа што Дебора често носи црни комбинации на облека, па ретко може да ја видиме облечена во некоја друга боја.
Од друга страна Хју го покажал своето згодно тело, па носел тесен модел на сиви фармерки кои одлично се вклопиле со белата маица која исто така била залепена за неговото тело. Целата модна комбинација ја „зачинил“ со карирано сако со сиви нијанси.
Во овие модни комбинации парот изгледал многу опуштено и складно, а со своето расположение и кревање на рацете покажале дека уживаат во својата љубов.
Да ве потсетиме, Дебора е постара 13 години од Хју поради што парот често се соочува со негативни коментари и осуди од јавноста.
Без оглед на разликата во годините тие двајца важат за еден од најскладните парови, а годинава прославиле 26 години од бракот.
По долгата борба за вештачко оплодување да добијат деца, парот на крај посвоил син и ќерка.
Хју во една прилика ја открил тајната на нивниот успешен брак, а тоа е тоа што секогаш наоѓаат време еден за друг.
Сè почесто се коментира дека нивната разлика во годините е сè поочигледна, меѓутоа парот не се огласува по повод таквите коментари.