СЕ ШЕТАШЕ ГОЛ, ПА СЕ ТЕПАШЕ СО ПОЛИЦИЈАТА: НФЛ ѕвездата полуде (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Малик МекДауел, ѕвездата на Кливленд Браунс во американски фудбал за запрепасти цела американска јавност откако беше уапсен на Флорида и тоа во школски двор на едно училиште, каде влегол – угул гол.

25-годишниот играч излегол и се шетал по улиците на Дерфилд Бич на Флорида како од мајка роден, па потоа влегол во школскиот двор на едно училиште, по што реагирала локалната полиција.

Кога се појавиле полицајците, тој ги нападнал, па еден од нив повредил и на крај со лисици на рацете го однеле во станица и сега против него е покрената постапка.

Ова не е првпат Малик да направи некоја глупост, многупати се појавувал на суд за разно-разни прекршоци, ама ова е веројатно врв на сѐ.

останати вести