12-те странци заболени од Ковид-19 се чешки полицајци на границата кон Грција

by Тони Зографски

12 полицајци кои беа дел од европскиот контингент за чување на македонско грчката граница од мигранти се позитивни на коронавирус.

Тие деновиве требало да ја напуштат Македонија и на нивни места да допатуваат други полицајци.

Но, на скринингот од Центарот за Јавно здравје од Гевгелија со кој бил опфатен контигнетот од 40 полицајци, 12 се со ковид 19, соопшти д-р Страшо Олумчев раководител на гевгелискиот центар.  Сите полицајци се ставени во карантин а во карантин одат и нивни колеги кои имале контакти  кажа Олумчев

Од стартото на пандемијата во Гевгелија се регистрирани 73 а во моментов со граничните полицајци има 46 активни случаи на ковид 19. Олумчев смета дека тоа е одраз пред се на недисициплината заради што очекува овид денови да има нови случаи

Ова не е прв случај да се појават позитивни  на ковид 19 гранични полицајци од европски држави кои секојдневно патролираат долж македонско грчката граница за да ги спречат илегалните преминувања

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com