„Другар ти ми оди на нерви“
Мажите обично се чувствуваат загрозено кога знаат дека нивната девојка е опкружена со други мажи, бидејќи ги чувствуваат како конкуренција. Но, не смеете да зборувате против нив ако не ги познавате. Само ќе оставите негативен впечаток и ќе делувате несигурно. Тоа не значи да премолчите некои сомнителни ситуации или нечија изразена карактеристика која ви пречи, но немојте да претерате со критизерството.
„Ќе ти се јавам во петок“
Кога станува збор за јавувањата ретко кој знае да прави баланс. Ако се јавите прерано делувате очајно, ако не се јавувате делувате дека се правите недостижни. Но, никогаш не ветувајте дека ќе се јавите во точно определен момент, особено ако сте малку заборавени, бидејќи жените и тоа како памтат што сте рекле и ќе ве држат за збор. Ако не си го исполните реченото, задолжително ќе ви ја преречат грешката.
Не користете фрази со идно време во нив
„Нареден пат ќе одиме во тој ресторан“, „Ќе те однесам на тоа и тоа место“ и слични реченици во никој случај не треба да ги кажете на прв состанок. Иако жените бараат комфор, немојте премногу да ја планирате иднината уште на првото кафе, може да ја преплашите и таа да го изгуби интересот.
„Со колку мажи имаш спиено?“
Фер е да сакате да знаете вакво нешто, но запрашајте се колку навистина сакате да знаете ваква работа. Од друга страна, прашање е колку ќе ви биде кажана вистината. Бројката може да ве направи или несигурни или супериорни. Имате 50/50 шанса по ова прашање, на вас е да одлучите дали сакате да знаете.
„Зошто не ми врати на пораката?“
Кажете го ова и уште во истиот момент кога ќе ги изговорите зборовите, ќе станете асоцијација за очај. Може да ве боли што ве игнорирала, но не му помагате никако на своето его ако почнете да барате одговор од неа што се случило. Ако не ви врати правете се дека тоа никогаш не се случило.
„Ти се допаѓам ли?“
Логиката е многу едноставна, ако ѝ се допаѓате ќе биде со вас, ако не не би ни прифатила да оди на состанок. Ова е веројатно најочајната реченица која може да ја кажете пред една жена, заради која ќе станете комплетно непривлечни.
„Што сакаш да правиме вечерва?“
Многу често мажите и жените не се разбираат по ова прашање. Мажот бидејќи мисли дека жената сака да е сè по нејзино ја остава таа да мисли каде да излезат, а таа бидејќи сака маж со план очекува од него да поведе иницијатива. Ако постојано ѝ велите: „Ќе одиме каде што сакаш ти“ или „Ајде ти кажи каде сакаш да одиме“ , ќе создадете нервоза кај неа. На девојката не смеете да гледате како на планер. Изненадете ја некогаш со иницијатива.
Муабети поврзани со вашиот автомобил
Жената навистина не ја интересира колку брзина достигнува некој автомобил, колкава е јачината на моторот или каде го менувате маслото. Како што вие не сакате да слушате муабети за маникир, педикир, чевли и чанти, така и таа не е заинтересирана за било која од овие работи.
„Може ли некогаш да излеземе?“
Не прашувајте дали некогаш би можеле да излезете на состанок, туку прашајте ја дали сака во моментот да излезе со вас. Земете ѝ број, поканете ја на кино, кафе, прошетка било што, што ќе ѝ покаже дека сте презеле иницијатива, зашто ако ја употребите реченицава асоцира на далечна иднина која не мора да значи дека ќе се реализира.
„Може ли да те бакнам?“
Со оваа реченица комплетно ја рушите романтиката и го уништувате моментот кој води до бакнеж. Секако треба да темпирате кога да се решите на тој чекор, бидејќи не смеете да бидете нападни, но немојте понизно да барате дозвола. Ако таа излегува со вас, сигурно очекува дека тоа ќе се случи во еден момент.