Ѕвездата на „Очајни домаќинки“, Ева Лонгорија, кон крајот на 2023 година, со сопругот и синот се пресели од Лос Анџелес во Марбеља, Шпанија.
Тие купија голема куќа на шпанскиот брег, со шест спални соби, а го продадоа домот во Калифорнија, зашто сакале засекогаш да заминат од Холивуд.
Актерката, се чини одлично се привикнува на новата средина, па деновиве со сопругот Хозе Бастон, и синот Санитијаго Енрике, уживаше на плажа во близина на нивниот дом.
Таа го привлече вниманието со својот изглед – избра црвени бикини со полутанга, а ги дополни со бел шешир за на плажа.
Иако може да се забележи дека има малку целулит на задникот, Ева изгледа одлично на прагот на шестата деценија.
Лонгорија на почетокот на годината имаше интервју за магазинот HELLO! и откри дека првпат дошла во Марбеља пред околу 20 години.
Тогаш толку многу се заљубила во градот, што си ветила на себе дека еден ден ќе живее тука, и сега, конечно, таа желба ѝ се исполни.
Инаку, актерката од 2022 година има и шпанско државјанство.