Новото издание на магазинот „Вог“ е посветено на наградата „Оскар“, а по тој повод фотографираа триесетина ѕвезди, меѓу кои се издвојува Џејми Ли Кертис (64). Таа со години е позната по својот фантастичен изглед, а тоа го потврди и со најновите фотографии за “Вог“.

На снимањето, познатата глумица носеше тесен фустан со проѕирни детали кои откриваат дека и понатаму се грижи за своето тело. Нејзините обожаватели се воодушевени од тоа како изгледа актерката.

Jamie Lee Curtis, 64, looks incredible in a mesh gown with slick Paul Mescal for British Vogue | Daily Mail Online

Следбениците се воодушевени од тоа како изгледа актерката, очигледно грижата за нејзиното тело е многу видлива, а Џејми отсекогаш знаела што да прави и како да се облече – нејзиниот избор се главно врвни фустани кои ги истакнуваат линиите на телото.

Нејзини најзабележителни улоги се оние во комедиите „Тркало на среќата“ и „Рибата наречена Ванда“ од осумдесеттите. Иако никогаш не била класична холивудска убавица, поради нејзината супер кратка коса, која ја сака со години, Џејми е уверена во себе и во својата природна убавина, а тоа и го покажува.