Холивудскиот глумец Џони Деп во интервју за РТС меѓу другото истакнал дека храната во Србија била фантастична, а особено ќебапите.
„Добри беа ќебапите. Омилени ми се!“, изјавил Деп.
Тој лани престојуваше дваесетина дена во Србија каде го снимаше филмот „Минамата“ во кој го игра ликот на В. Јуџин Смит, американскиот воен фотограф кој во Јапонија.
„Кога глумите некој кој блескал целиот свој живот, делува како се сега да се случува. Бил старствен уметник и ми се допаѓа што бил „бодликав“, како човек-кактус. Но, тоа го развил бидејќи бил чувствителен. Тој длабоко ја чувствувал секоја своја фотографија настаната во Минамати. Голема одговорност е да се глуми некој како што е Смит“, рекол глумецот за РТС.