Хрватската пејачка Северина Којиќ како најава на новиот музички проект “Хело“ повторно сними нови провокативни фотографии. Таа на Инстаграм објави неколку нови разголени фотографии и мора да се признае дека на 47 години изгледа феноменално.
Во последниве десетина дена Северина објави “сет“ на провокативник фотографии. Прво објави фотографија во градник и црн мантил, па ги покажа сите свои атрибути позирајќи во доколенки и зелено-црна атрактивна комбинација, а пред три дена се фотографираше само во црни гаќички без градник.
Инаку, новиот музички проект на Северина “Хело“ излегува утре, а денеска точно во 12 часот ќе биде промовиран нејзиниот нов спот.