Џони Деп доби бурни овации од публиката по прикажувањето на неговиот камбек филм на Канскиот фестивал, а сега се појави старо интервју во кое тој се потсети на соработката со холивудската легенда Ал Пачино.
Тој се присети дека работел со Пачино на филмот „Дони Браско“ од 1997 година, во кој глумел таен агент на ФБИ кој се инфилтрира во криминалното семејство Бонано. Браско (Деп) се спријателува со еден од членовите на семејството, Лефти Руџиро (Ал Пачино).
Деп изјавил дека бил доста нервозен пред да го запознае Пачино, бидејќи сепак тој е холивудска икона, а изјавил дека навистина бил шокиран кога открил колку Пачино бил ненормален во реалниот живот.
“Јас сум психотичен, не можам да издржам без да се шегувам на снимањата. Затоа почнав да се шегувам со Пачино и тогаш сфатив дека е апсолутно луд. Мислам, тој е официјално луд”, рекол Деп и додал: “Не, не би сакал да ја поминам ноќта некаде во близина на неговата куќа“.
Сеќавајќи се на еден ден на снимањето, Деп рече: „Тоа беше третата недела од снимањето, бевме на доковите во Бруклин“.
„Конечно, едноставно не можев повеќе да издржам. Реков: „Еј, знаеш, ова е смешно. Едно нешто што никогаш не очекував или замислував е дека всушност си, мислам, всушност си официјално луд“. ”
Деп рече дека Пачино одговорил: “О, да, да, да. Не го знаеше тоа?” а потоа рекол: „И ти си прилично е*ено чуден“.