Џоан Колинс, која има 89 години, ги воодушеви обожавателите кога на својот Инстаграм профил објави фотографија во сино бикини како позира со својот 33-години помлад сопруг!
Парот ужива на одмор во Сен Тропе, а актерката често ги споделува нивните интимни моменти на социјалните мрежи!
Ѕвездата од серијата „Династија“ изгледа среќно и најмалку 20 години помладо, а покрај сопругот лежерно позира во сини бикини.
Своите сини бикини ги спои со препознатливите очила за сонце и сламена капа која не само што е гламурозна туку и ја штити од сонцето.
„Кога е 100 степени во сенка, благодарна сум што имам базен“, напишала познатата холивудска дива, која со својот став и волја за живот на 89 години може да му послужи како инспирација на секого.
„Изгледаш прекрасно“, „Секогаш си насмеана“, „Заслужи да уживаш Џоан“, „Ова не е фер, ти и на 89 години изгледаш подобро отколку јас на 57“, коментирале луѓето под фотографиите.
По четири брака, Џоан во 2002 година го запознала холивудскиот продуцент Перси Гибсон и парот од тогаш е нераздвоен.
Како што во една прилика актерката истакнала, во годините на Перси е тајната на нивната среќа.
„Му благодарам на Бог што се венчав за него кој е 30 години помлад од мене. Не би издржала со некој кој ми е врсник“, изјавила актерката.