Адријана Алачки преку својот Фејсбук профил му посвети емотивна порака на детскиот хирург др. Владимир Чадиковски,. Таа се потсети на најтешката и најдолгата ноќ во нејзиниот живот, пред 15 години, кога д-р Чадиковски го спасил животот на нејзиниот син.
“Посветено на Др. Владимир Чадиковски
Прелистувајќи го мојот албум со фотографии, пред оваа здивот ми застанува, токму заради него, досега не ја објавив зошто устата неможеше да ми најде збор, зошто сеуште не постои збор што толку ќе прилега на неговата големина, на тоа што е тој а како да му кажам ,, од срце ти благодарам” и мислам и тоа е малку….се што и да направам и кажам за него ќе е малку…дамарот за него го посветувам, за овој единствен човек, хирург за кој светот пишува а тој е наш, колку ли деца спаси, колку ли мајчински и татковски срца израдува, чекајќи пред операционата сала да ги видат твоите очи и ги слушнат твоите зборови ,, се е добро, не грижете се”…ах една од нив бев и јас, пред 15 години кога мојот син беше во твоите раце…сеуште ти го паметам ликот од тој миг, чекајќите да излезеш…мојата најдолга и најтешка ноќ…Ти си нашиот ангел со огромно срце и душа, за тебе никогаш не беа важни материјалните нешта, лично сум сведок, очите твои се смееа кога ќе ги испратеше дома здрави и живи , твојот однос е како сите да се твои деца, сиромашни, богати, познати, непознати, сите беа исто за тебе…Ах убавецу наш, големино, биди здрав и жив , на сите си ни потребен…
Пред вистината и Боговите молчат, а ти си вистина…
Кога помислувам дека ,,тајната на големите луѓе е во едноставноста” ти си примерот “ напиша Адријана.