Актерот Даниел Крег го покажа новиот имиџ на еден неодамнешен настан во Њујорк. На настанот организиран од „Clooney Foundation For Justice“, на Крег му се придружила и сопругата Рејчел Вајс.
Тој за настанот носел син костум со лептир-машна, додека Рејчел прошетала во црно-бел фустан.
Парот се венчаше во 2011 година во тајност
Даниел и Рејчел се запознале во 1994 година на сетот на еден филм, а тој во тоа време бил во брак со Фиона Лудон. Тие официјално започнале да се забавуваат откако и двајцата глумеа во филмот „Dream House“ во 2010 година, а веќе следната година се венчаа во тајност на церемонија со само четворица сведоци.
„Го направивме тоа во приватност и имам многу луѓе на кои треба да им се заблагодарам за тоа“, изјавил Даниел за „GQ“ во 2012 година. Во септември 2018 година се роди нивната ќерка. Рејчел го има 17-годишниот син Хенри со нејзиниот поранешен вереник, режисерот Дарен Аронофски, додека Даниел ја има 31-годишната ќерка Ела од бракот со Фиона.