Групата „Фрајле“ од Нови Сад летово го поминува и во обиколка на целиот регион. Моментално се на хрватското приморје, поточно во Истра, каде имаа концерт.

Освен по музичкиот правец, Наташа, Јелена и Невена се препознатливи и по автентичниот имиџ, но досега не сме ги виделе во издание на плажа.

Тие на најдобар можен начин го искористија топлиот августовски ден, покрај базенот, за потоа полни со енергија да излезат пред фановите. Тие споделија моменти на уживање на Инстаграм, а фотографиите добија многу позитивни коментари.

Наташа Михајловиќ избра зелено-бели бикини кои ја истакнаа нејзината витка линија.

Невена Буча се одлучи за црна боја, додека нејзината сестра Јелена размислуваше за секој детал – бел костим за капење на едно рамо со морски мотиви придружени со нејзината коса во пунџа и ефективен корален лак. Сумирано, како што сме навикнати од нив.