Џесика Бил и Џастин Тимберлејк беа уловени од папараците додека уживаа на плажа во Италија.
40-годишната актерка изгледаше одлично во полутанга со леопардски принт од Tropic of C. Холивудската ѕвезда пливаше, се сончаше и си разменуваше нежности со 41-годишниот актер и пејач на плажа на полуостровот Монте Арџентарио.
Најпрво парот се бакнуваше во водата, а потоа разменуваа нежности и на лежалките.
Папараците го „уловиле“ Џастин и во непријатен момент – додека си ги соблекува мокрите шорцови.