Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ преку фотографија на неговиот инстаграм-профил откри дека ја запросил неговата девојка Сања Тодорова.
Арсовски сподели фотографија на која ја држи дланката на Сања со вереничкиот прстен, а во објавата напиша „Доста беше, до вечноста“.
Веста за запросувањето ја објави и неговата, сега веќе верница, на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
-Роденденски подарок за мене или за него? За нас дајцата, напиша Соња која е основач на маркетинг агенцијата Дот Медиа.
Инаку, завчера и пратеникот и портпарол на СДСМ, Коста Костадинов објави дека ја запросил својата девојка, Марија.