Каде и да се појават Бен Афлек (49) и Џенифер Лопез (52) привлекуваат огромно внимание. Таков беше случајот и на аеродромот Марко Поло во Венеција, кога тргнаа да се враќаат во САД. Еден обожавател одлучи да не ги почитува правилата и премногу да ѝ се приближи на Џенифер, но Бен веднаш застана да ја одбрани.
Во видеото од инцидентот се гледа како актерот веднаш го оттурна обожавателот за да ја заштити неговата девојка, а потоа остави обезбедувањето да си ја заврши својата работа.