Многумина не можеа да дочекаат да излезе научно-фантастичниот филм Дина: Втор дел. Меѓу нив се Џенифер Лопез и Бен Афлек.
Парот заедно со другите гледачи го гледаше филмот во кино. Некој ги снимал пред да ја напуштат кино салата, а нивниот потег ги воодушеви обожавателите. Имено, Џеј Ло и Афлек пред да излезат од киното ги земале пуканките и пијалоците кои ги консумирале додека го гледале филмот.
Обожавателите беа изненадени од ова видео кое за еден ден собра повеќе од 12 милиони прегледи, бидејќи многу луѓе во кино не го собираат ѓубрето по себе.
„Толку многу луѓе оставаат храна и пијалок зад себе на вакви јавни места, тоа е одвратно. Секоја чест Џенифер и Бен“, „Ова видео е доказ дека славните се нормални луѓе како нас“, „Мило ми е што го собираат ѓубрето по себе како и сите што треба“, „Ова се вистински примери. Ако тие можат да исчистат по себе, можете и вие“, се дел од коментарите.
Лопез неодамна откри дека никогаш не планирала да се врати со Бен Афлек.
Dune 2 was AMAZING. Post credits scene was realizing JLo & Ben Affleck were sitting right in front of us lol pic.twitter.com/H72fJPquTn
— partyONE (@GehrigRyan) March 5, 2024
„Се заљубив во љубовта на мојот живот и од различни причини моравме духовно да растеме и да правиме други работи. И двајцата имавме односи со други луѓе, имавме деца, но секогаш ја имав мислата во мојата глава: „Добро, нашето е нешто што се случува еднаш во животот. А кога се вративме заедно, едноставно не можев да поверувам. А знам дека ни тој не веруваше. Навистина не го планиравме тоа“, изјави пејачката.
За потсетување, Лопез и Афлек почнаа да се забавуваат во 2002 година, а подоцна истата година се верија. Сепак, парот се раздели во 2004 година, откако ја одложи својата венчавка една година претходно. По години разделба, Лопез и Афлек конечно се соединија во 2021 година и се венчаа во 2022 година.