Селин Дион утре го слави 54-тиот роденден, но од неа нема ни трага ни глас
Публиката е загрижена: Селин Дион исчезна од јавноста! Од октомври 2021 година никој нема ништо слушнато за неа. Медиумите неколку пати се обиделе да дојдат до информации за Селин, но неуспешно.
Од некогаш многу достапната уметница, останаа само неколку објави на Инстаграм што може да ги објавува кој било од нејзиниот профил.
Се шушка дека е сериозно болна и дека сè уште не оздравела. Никому не му е јасно за каква болест станува збор, но сите веднаш ја прифатија таа причина како оправдана, со оглед на тоа што пејачката драстично ослабела минатата година.
Таа го правдала губењето на килограмите и очигледно лошата физичка состојба со тоа што му се вратила на балетот и напорната работа.
Од октомври, откако ги откажала настапите, Селин се огласила само со исечоци од свои стари видеозаписи.
Обожавателите пишувале во коментари: „Би сакале да имаме некаква вест за Селин…“
Нејзиното последно обраќање до публиката било кон крајот на 2021 година кога кажала:
„Навистина се надевав дека ќе можам да настапувам, но претпоставувам дека мора да бидам трпелива и да го следам режимот што ми го препишаа лекарите. Ќе ми биде драго да се вратам полна со здравје, едвај чекам да се вратам на сцена.“
Утре, Селин Дион го слави својот 54-ти роденден и по тој повод, ве потсетуваме на некои интересни детали од нејзиниот живот:
1. Селин е помлада од синот на нејзиниот покоен сопруг. Најстариот син на Рене Анџели од неговиот прв брак, Патрик Анџели, е роден три месеца пред славната маќеа.
2. Универзитетот Лавал ѝ дал почесен докторат за музика во 2009 година.
3. Својот прв договор за снимање го потпишала на 12 години.
4. Таа е најмладата од нејзините 14 браќа и сестри.
5. Во 1994 година, нејзината венчавка со Рене се пренесувала во живо.
6. Имала само 16 години кога настапувала пред Папата.
7. Во 1990 година основала синџир на ресторани, кој успешно работи и денес.
8. Во 2000 година, таа и Рене ги обновиле заветите во Лас Вегас.
9. Течно говори 5 јазика: англиски, шпански, германски, француски и јапонски.