Џенифер Лопез е една од холивудските ѕвезда на која годините не и можат ништо. Изгледа совршено, и често позира во секси издание, свесна за својот беспрекорен изглед.
Овој пат таа позираше во кратки панталони и кратка јакна со леопард дизајн. На црно белата фотка во преден план се нејзините долги нозе, што е и цел на фотографијата, бидејќи таа ја рекламира нејзината нова колекција на чевли “JLO“.
На фотката што ја објави на Инстаграм, Џенифер носи сандали со леопард дизајн, кој не изгледаат дека се најудобни.
Инаку, во понудата на новата колекција на Џенифер Лопез освен потпетици има и чизми и патики.
https://www.instagram.com/p/B8gndplp-HF/?utm_source=ig_web_button_share_sheet