По откажаниот концерт во Бања Лука, пејачката Марија Шерифовиќ го откажа и концертот во Ужице, пренесуваат српските медиуми.
„За жал, поради мојот бронхитис, морам да го откажам мојот концерт во Ужице“, истакна пејачката едвај говорејќи на друштвените мрежи.