Џенифер Лопез го прошири своето портфолио со уште еден бренд – овојпат за пијалаци.
Коктелите Delola славната пејачка ги промовираше со кампања во која ѕвезда е самата таа.
53-годишната музичарка и актерка позираше во летни стајлинзи за рекламната кампања која се снимала во Италија.
Лопез наиде на критики по лансирањето на Delola, бидејќи многупати досега има тврдено дека не консумира алкохол.