-Опуштена сум и ги наполнив “батериите“, – напиша пејачката и глумица Џенифер Лопез (50) во прилог на фотографијата на која позира пред огледалото во бело бикини, а која собра скоро 7 милиони “лајка“ и 100.000 коментари.
Нејзините пријатели на Инстаграм кои ги има повеќе од 114 милиони не го криеја воодушевувањето од нејзиниот изглед. Ја фалеа дека е совршена, и се прашуваа како успева така добро да изгледа.
-Како? Навистина, како? – ја прашуваше шоуменот Кларит кој се занимава со фитнес.