Овој викенд холивудската ѕвезда, Џенифер Анистон направи голема прослава по повод нејзиниот 50-ти роденден, а меѓу гостите беше забележан и нејзиниот поранешен сопруг.
На нејзината приватна журка беа присутни многу ѕвезди, а папараците внимателно чекале пред еден познат ресторан во Западен Холивуд.
Додека голем дел од ѕвездите немаа проблем со фотографирањето, една личност кој го привлече вниманието и сите останати присутни паднаа во сенка.
Станува збор за нејзиниот поранешен сопруг, Бред Пит, кој се обиде да влезе во ресторанот незабележително. Но, сепак тоа не му успеа и беше фатен на влезот на прославата.