Легендарниот актер Џек Николсон по долго време се појави во јавноста. Тој беше на настан организиран за прослава на 50-годишнината од американското шоу Saturday Night Live. Шоуто прослави 50 години од емитувањето со тричасовен специјал наречен SNL50: The Anniversary Special.
Џек седеше во публиката и го претстави Адам Сендлер, кој свиреше и пееше на сцената.
„Дами и господа, Адам Сендлер“, рече Николсон и доби овации од публиката. До актерот седеше неговата ќерка Лорен. „Да го слушнеме Џек. Џек е излезен вечерва“, рече потоа Сендлер.
Џек седеше во публиката во близина на Вил Ферел, Роберт Де Ниро, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс.
Едно од неговите последни појавувања во јавноста беше пред две години, кога беше фотографиран на кошаркарски натпревар на ЛА Лејкерс во мај 2023 година со неговиот син Реј.