Игор Џамбазов сподели видео на Инстаграм прераскажувајќи ја песната “Кољо што го викат поп“, препев од хитот од пред две децении “Божо звани пуб“ на Ѓорѓе Балашевиќ.
Шетајќи се низ плажите на Дојран, Игор на дијалект ја прераскажува песната за познатиот комарџија Кољо.
“ Капа доле мајсторе“, “, Екстра си“, “Знаеш на луѓето да им го направиш денот“ се дел од коментарите кои Џамбазов ги доби од своите фанови.