Игор Џамбазов со црно-бела фотографија поставена на својот Инстаграм профил потсети на свадбата на неговите родители. На неа млади актерката Анче и маестро Александар Џамбазови.
Интересно е што како поминуваат годините, Игор се повеќе личи на својот татко. Должината на косата и брадата дополнително придонесуваат Џамбазов јуниор да е копија на Џамбазов сениор.
Инаку, веќе подолго време, македонскиот шоумен се наоѓа во Дојран од каде секојднево споделува фотки на социјалните мрежи.