Во интервју за Опра Винфри, 50-годишната пејачка Мараја Кери откри трауматски случаи со нејзините роднини, вклучувајќи и како нејзината постара сестра се обидела да ја продаде на макро кога Мараја имала 12 години. Опра дури прочита и извадоци од мемоарите на пејачката „Смислата на животот за Мараја Кери“, кои треба да бидат објавени наскоро и се очекува да предизвикаат бурни реакции.
„Кога имав 12 години, сестра ми ме дрогираше со валиум, ми понуди кокаин, ми предизвика изгореници од трет степен и се обиде да ме продаде на макро“, напишала Кери во своите мемоари.
Во самото интервју, пејачката сподели што, според нејзиното мислење, е причината за нејзината комплицирана врска со нејзината сестра и нејзиниот брат.
„Ние дури и не се познаваме како луѓе. Не пораснавме заедно. Тие имаа свој живот, и додека да се родам јас, тие веќе беа „расипани“. (Мараја е најмалото дете во семејството, нејзиниот брат Морисон е на 60, а нејзината сестра Елисон има 57). Буквално се чувствував како аутсајдер во моето семејство. Тие имаа искуство со живот со татко Афроамериканец и бела мајка, а јас претежно живеев со мајка ми (родителите на Кери се разведоа кога таа имала три години). Мислеа дека ми е полесно, но во реалноста не беше. Тие секогаш мислеа дека мојот живот е лесен“, призна пејачката.
Таа го сметала својот брат за „крајно суров“ и рече дека тој и нејзината сестра давале лажни информации за неа во медиумите. Ги нарекува поранешен брат и поранешна сестра, и и се обраќа на нејзината мајка по име. Ѕвездата вели дека сега нивната врска е премногу комплицирана.
Мараја никогаш нема да заборави еден случај со нејзината мајка. Во 2001 година, и покрај нејзиниот успех и претстојното издание на албумот „Glitter“, таа била емоционално и физички исцрпена и барала поддршка во домот на нејзината мајка. Но, по конфликт со неа, нејзината мајка се јавила на 911 и полицијата ја одвела Кери во болница.
Таа не рече: „Сè е во ред кај нас, јас ќе се грижам за ќерка ми, таа е само уморна и некој по грешка повика полиција“. Но, според Марија, нејзината мајка мислела поинаку: „Ме предизвика и ќе си го добиеш“.
„Задното седиште на полицискиот автомобил е живописно сеќавање, никогаш нема да го заборавам тоа“, рече вездата.
Но, искуството и помогнало на Кери во воспитувањето деца. Таа прави сè за нејзините 9-годишни близнаци Морокан и Монро да растат во љубов.
„Мислам дека да се биде мајка е навистина напорна работа. Затоа се обидувам да го направам животот на моите деца прекрасен“, сподели пејачката.
Инаку, „Значењето на Мараја Кери“ излегува на 29-ти септември, додека на 2-ри октомври тие ќе издадат нов албум наречен ‘The Rarities’.