Претседателот на Србија утрово одговори на тоа зошто одлучиле на Македонија да и дадат вакцини против корона откако владата на Заев не успеа да ги обезбеди. Вучиќ објасни дека имаат обврска да им помогнат на соседите, и дека покрај на Македонија би и помогнале и на Албанија.
-Што би вредело ако сите ние сме здрави ако соседите имаат безброј проблеми. Ние можеме да бидеме среќни само ако соседите ни се среќни. Кога треба даим помогнеме?. Кога им е добро? Треба да им помогнеме кога им е тешко-изјави Вучиќ кој смета дека снаодливоста на Заев придонела да Србија даде 8.000 вакцини за нашата земја.
Тој рече дека нема проблем Србија да помогне и на Албанија доколку биде потребно и го окарактеризираше како нормален однос.
Вучиќ не објасни дали вакцините ќе бидат донирани, или, сепак ќе бидат купени од страна на нашата земја како што најави премиерот Заев вчера.