Емилија Џамбазова Бавчанска е едно од најзначајните суштества во животот на македонскиот шоумен, Игор Џамбазов. Таа веќе неколку години му прави друшто на Џамбазов и му е верна сенка каде и да оди.
Игор е познат по тоа што е голем љубител на животните, а до пред неколку години го чуваше своето куче – џуџест пинч Бошко Џамбазов. По неговата смрт, Џамбазов беше скршен од болка, а на Бошко му беше направен и гроб во Слепче, каде шоуменот долги години престојуваше.
Тој на својот Инстаграм профил објави постара фотографија од својата Емилија Џамбазова, како е сликана до некогаш омилената пијачка на Џамбазов – штокот.