Пејачката Јелена Розга неодамна, за време на карантинот била цел на непознат маж кој доаѓал пред нејзината зграда во Сплит и ја вознемирувал.
“Слободна Далмација“ известува дека неговиот идентитет е утврден и дека општинското државно обвинителство во Сплит покрена обвинение против него и побара од судот да ја прифати нивната кривична наредба. Тие бараат шестмесечна затворска казна со условна казна од две години за нападно однесување кон пејачката.
Во обвинението се тврди дека човекот, кој е десет години постар од Јелена, испраќал вулгарни пораки до пејачката преку е-пошта и Инстаграм и тоа од 13.08.2019, инсистирајќи да се дружи со неа, барал да се во љубовна врска и да имаат интимни односи.
Јелена ги игнорирала неговите пораки и воопшто не комуницирала со него, но тоа не го спречило да продолжи со прогонувањето. Во август оваа година тој се појавил пред нејзината врата, се фотографирал пред нејзината зграда и ѝ испратил фотографии дека ја чека.
-Откако на крајот на август годинава Јелена на Инстаграм објавила фотографија со нејзиното друштво, тој повторно ја пронашол, дошол до неа и ѝ се обратил директно, – пренесува Слободна Далмација.
По тој случај, Јелена решила да ја контактира полицијата и да им пријави сè. Мажот признал сè пред полицијата и открил дека ја контактирал за прв пат во 2017 година и дека сега веќе му е јасно дека не сака да комуницира со него и дека повеќе нема да се однесува несоодветно.