Британката Медисон Ештон, позната со нејзиното ескорт име како Кристин Меквин, откри како се вратила на својата работа во сексуалната индустрија, откако родила две деца. Таа призна дека одгледувањето деца е многу потешка работа од нејзината вистинска работа, пренесува “Сан“.
Нејзините деца не добиле посебно објаснување за работата што ја работела нивната мајка. Нејзината 14-годишна ќерка забележала дека приказната за нејзиниот татко постојано се менува и кога ја прашала нејзината мајка за вистината, дознала дека нејзиниот татко бил клиент на мајка ѝ. Од друга страна, нејзиниот син дознал преку весник, но не ја прашал ништо. Иако ги сака своите деца, целото детство таа се плашела дека нема да биде почитувана како мајка, особено заради нејзината работа.
Таа има деца од две различни врски од нејзините дваесетти години, кога решила да ја напушти својата работа во сексуалната индустрија и да започне да живее поконвенционален и „обичен“ живот. Но, по распадот на двете врски, сфатила дека она е таа која управува со својот живот и повторно започнала да работи за да ги нахрани своите деца.
„Луѓето постојано мислат дека работата ми е тешка, но мислам дека одгледувањето дете е многу потешка работа. Кога моите деца играа, јас бев во бордел со други девојки, слушав диско музика и се наоѓав со клиенти. Тоа за мене беше добра пауза од децата.“
„Благодарна сум за мојата работа, ми беше како подарок што ми помогна кога бев сиромашна“ – раскажува Медисон. Бидејќи била позната во сексуалната индустрија, таа можела да си дозволи одлични дадилки, кои ја разбирале и ја почитувале нејзината приватност. Но, вистинскиот предизвик било да се најдат тие дадилки. Откако дознале што таа работи, се обидувале да ја искористат и да заработат повеќе пари.
#Кога се вратив во мојата професија, парите навистина почнаа да доаѓаат. Почнав да користам инсерти на градите и да одам на пластична операција, а исто така имав поголема самодоверба во секси, кратки здолништа. Повторно станав вистински магнет за мажи. Но, сето тоа создаваше проблеми во училиштето на моите деца. Другите мајки секогаш ме гледаа со одвратност и презир. Тие секогаш ме советуваа дека морам да се облекувам повеќе како мајка,“ открива таа.