Британскиот премиер Борис Џонсон (55) и неговата девојка Кери Сајмондс (32) се вериле и очекуваат дете, соопшти парот.
Портпаролот на парот рекол дека на Џонсон и Самондс им е многу драго што можат да ја објават таа вест, пренесе „Би-Би-Си“.
Како што додава, Кери Сајмондс би требало да се породи на почеток на летото.
Тоа ќе биде прво дете на парот, наведе „Ројтерс“, повикувајќи се на „Скај Њуз“.
Џонсон е првиот британски премиер во последните 250 години, кој ќе се ожени за време на својот мандат, пренесе британски „Телеграф“.
Инаку, британските медиуми пишуваат дека Џонсон има уште едно вонбрачно дете. Тој во моментов е во фаза на развод.