Австралијанката Кејт Милер ја воодушеви Европа во првата полуфинална вечер на Евровизија и русокосата пејачка има големи шанси и да ја однесе победата. Веднаш се постави прашањето дали Евросонгот ќе се пресели надвор од Европа во случај да победи Австралијанката.
Имено, ако Австралија победи на Евровизија, најпрестижниот музички настан на нашиот континент сепак ќе остане во Европа. Во тој случај Австралија ќе мора да одлучи со која од земјите членки на Европската радиодифузна унија заедно ќе го организира натпреварот, а тие веќе претходно се изјасниле дека би биле домаќин на Евровизија заедно со Германија или Велика Британија.