Репортерката на ТВ Фокс Жаклин Матер објави кратко видео од едно од теренот на кое се гледа како момче се појавува зад нејзиниот грб и почнува да вреска мислејќи дека ќе заврши на телевизија.
„Не одиме во живо“, кратко одговори репортерката, по што момчето малку разочарано и тивко си замина.
Жаклин видеото го сподели на Твитер, па момчето стана хит, но на социјалните мрежи, а не на телевизија, како што планирало.
Многу корисници на Твитер се насмеаа на ова видео, а неколку и упатија комплименти на новинарката за тоа како брилијантно реагирала.
https://twitter.com/i/status/1511879711345057792