Две лица предизвикале инцидент во автобус на ЈСП откако не носеле маски, а патници ги предупредиле да стават маски за да ги почитуваат здравствените правила.
Во одговор насилниците порачуваат дека тие се верници а други неверници, дека ќе ставаат во киселина, дека ќе сечат глави и дека не знаат патниците со кого си имаат работа.
Видеото е објавено на Твитер, а според изворот кој го објавил видеото на крајот го нападнале девојчето кое го снимило видеото.
Ај да ги направиме познати МОРОНИВЕ! Жена во години им вели да стават маска, тие ја тепаат! Се закануваат на пола автобус дека ќе му сечат глава и дека ќе ги ставаат во киселина! На крај ја напаѓаат девојката која снима! #ПодМачБато pic.twitter.com/TqDsXilg8s
— Charles Boycott (@JohnnyParka) January 8, 2021