Таткото на петгодишното девојче што во средата вечерта се удави во базен во населбата Злокуќани, заврши во болница. Заради сериозно влошена здравствена состојба по стресот што го доживеал откако ја разбрал веста за смртта на својата ќерка,тoj бил итно хоспитализиран и е во критична здравствена состојба.
МВР работи на целосно расчистување на случајот.
Инаку во полицискиот извештај не се наведуваат деталите за трагичниот настан кој, според полицијата, се случил во средата околу 21.10 часот. Тогаш било пријавено дека во базен на угостителски објект во Скопје паднало петгодишно девојче, кое со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза”.
Вчера наутро, во 08.30 часот детето починало.