Матичниот лекар Ненад Лазаров, преку Фејсбук статус информира дека подготвува два мобилни тимови кои ќе можат да ги посетат дома пациентите кои се справуваат со корона вирусот, но и сите други кои имаат потреба од медицинска помош.
“Спремив 2 мобилни тимови, лекар и медицинска сестра, кои со полна опрема и енергија, ќе бидат достапни за преглед на пациенти во домашни посета, секој ден од 8 до 20 часот.
Само за подрачјето на Скопје.
Ќе може секој да си дозволи, за разлика од до сега, онаму каде нема простор, ќе одработуваме и од душа, ние сме народни лекари не “авангарда”.
Освен прегледи и третман доман на COVID19, ќе работиме и со сите останати пациенти,
ќе овозможиме и секакви други услуги, комплетна лабораторија, EKG, преврски, промена на уринарни кактетери,
се она што дозволува закон и добра медицинска пракса.
Почнуваме од 08.02, за детали ќе ве известам набрзо.
Горд на цела екипа “ напиша д-р Лазаров, кој во нов пости информираше колку ќе чинат услугите.
“1000 денари ќе чини домашна посета од лекар и сестра, со вклучени материјали дали е тоа инјекција, инфузија или преврска, катетер и тн.
За COVID19 пациенти, иницијален преглед и 2 консеквентни контроли – 2000 денари.
Нема да наплатиме на никој со мака а да не може да си дозволи.
Во меѓувреме, ординацијата останува отворена во 2 смени секој работен ден, како и досега, никогаш не сме наплатиле преглед кај пациент кој дошол кај нас.
Ќе имаме посебен телефон за оваа намена, за брзо ќе го споделам“.